Skip to main content

Македонија официјално излезе од рецесија

Република Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растот.

 |  Маја Савиќ  | 
Stavreski
Ставрески
stavreskiРепублика Македонија официјално излезе од рецесија, откако во четвртото тромесечје од 2009 , бруто домашниот производ (БДП) забележа раст од 1,2 отсто, соопшти денеска министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат дека граѓаните не го почувствувале растот

Тој додаде дека Македонија  ја заврши 2009 година со негативна стапка на раст од 0,7 отсто .

„Остварените резултати, особено доколку се искомбинираат со намалување на невработеноста во текот на 2009 година, покажуваат дека Македонија во целина успеа да ја преброди кризата со најмали можни последици и спречени се негативните последици на пазарот на работна сила“, рече Ставрески.

Тој напомена дека Македонија во изминатата година остварила трет резултат во Европа, гледано според стапката на БДП.

„Економските политики кои беа поставени уште пред кризата, а секако и пакетите антикризните мерки донесоа добри резултати, односно помогнаа македонското стопанство да ја мине кризата со најмали можни последици“, рече Ставрески.

Тој додаде дека објавените резултати покажуваат дека македонската економија е доволно жилава да се справи со најголемите последици, што не било случајност туку резултат на преземените реформи во последните неколку години.

Ставрески изрази уверување дека економскиот раст во последниот квартал од ланската година дава силен кредибилитет на очекувањата дека во 2010 година ќе биде остварен раст од два отсто.

„Тоа е солидна основа за да може да очекуваме дека постепено македонската економија ќе се врати на позитивните стапки на економски раст, кој што ги имавме претходно“, изјави Ставрески.

Тој оцени дека е добро тоа што во структурата на  растот учествуваат и инвестициите и потрошувачката.

„Значи се работи за балансиран раст во кој што инвестициите пред се градежништвото даде значаен придонес, и со оглед нашата инвестициона програма, очекуваме тој економски раст да биде значајно поддржан преку инфраструктурни инвестиции“, изјави Ставрески.

Опозициската СДСМ излезе со реакција на објавените податоци, па велат и да е така, граѓаните тоа не го почувствувале.

Тие го повикаа премиерот Груевски, да “престане да зборува за светската економска криза. Македонија е излезена од рецесија и не може за немањето странски инвестиции, нови работни места, за сиромаштијата и нискиот животен стандард веќе да се оправдувате со било што. Четири години сте премиер и на граѓаните им е здосадено од немање резултати“.

{loadposition content9}