Македонија партнер на саемот за туризам во Ниш
Македонија е земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Ниш. Настанот кој ќе се одржува од 30-ти март до 1-ви април е можност за зајакнување на партнерските односи и создавање на нови.
Соработката меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст на туристичка размена ќе остане и во иднина. На македонскиот штанд кој со својата репрезентативност ги отсликува културните, природните и гастрономските разноликости, коегзибитори се општина Демир Капија и општина Гевгелија – истакна Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Успешните промотивни активности на Агенцијата за туризам на туристичкиот пазар во Србија, позитивно се одразија на зголемување на број на туристи кој во последниве неколку години изнесува повеќе од 45%.
Вкупниот број на српски туристи е 63834 за 2022 година, што го надминува бројот на посети од одличната 2019 г.
Се радуваме на новата авио линија Охрид-Белград која ќе овозможи дополнителна туристичка размена и патување до дестинациите – додава Јаневски.