Македонија со поларни температури
Берово со измерени -21 степен е најстудентиот град утрово во Македонија
| инфодеск | Македонија
Утрово најниски температури се измерени во Берово -21, Лазарополе -17, Маврово -17, Крива Паланка -14, Крушево и Тетово -13, Прилеп и Скопје -12, Штип -11, Струмица, Куманово, Виница, Демир Капија -10, Кавадарци и Охрид -9, Дојран -6, Гевгелија -4…
Метеоролозите и за наредните два дена најавуваат студено време со ниски утрински температури.
Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник се најавуваат врнежи од снег со слаб интензитет, а од вторник ќе има постепен пораст и на утринските и на дневните температури.