Македонија поставува двојна ограда на границата со Грција
Овие активности се одвиваат по најавите за поригорозни контроли на бегалците
| инфодеск | Македонија
Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија.
Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде висока.
Овие активности се одвиваат по најавите за поригорозни контроли на бегалците кои одат кон Европа.