Skip to main content

Македонија сака решение за спорот со името

Македонија е подготвена да ги продолжи преговорите со Грција за да се најде решение за спорот со името.

Nikola Gruevski
Никола Груевски
Доколку се постигне компромис, тој ќе оди на референдум на кој народот ќе го каже последниот збор, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето на синоќешното одбележување 18 години од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Nikola Gruevski– Република Македонија прави се што е во нејзина моќ тоа да се постигне, да се најде решение кое нема да биде на штета на државните и националните интереси, рече Груевски. За евентуалниот компромис, посочи, ќе се изјаснат граѓаните на Република Македонија на референдум.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на актуелниот политички амбиент во земјава.

– Никој не може да вели дека обединува ако сака да го дели ВМРО-ДПМНЕ. Не може некој да каже дека сака да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа да го помогне СДСМ. Сите што се обидуваат да врбуваат, лажат, да манипулираат со членството и да прават логистика за враќањето на Бранко Црвенковски нема да поминат, рече Груевски.

{loadposition content9}