Skip to main content

Двајца загинати

Македонка повредена во сообраќајка во Грција

Во несреќата е повредена сопатничката во македонското возило, како и тројцата полицајци, а двете лица од грчкото возило загинале.
 |  инфодеск  | 
Несреќа Грција

Македонска државјанка е повредена во тешка сообраќајна несреќа којашто се случила во Грција доцна синоќа, кога се судриле три автомобили и стадо диви свињи на автопатот Солун – Нео Петрициу.

Несреќата се случила половина час пред полноќ, кога патролно полициско возило во кое бил еден полицаец и двајца негови сопатници, се судрило со свињите. Возилото излетало од сообраќајната лента.

Други две возила исто така се судриле со стадото.

Повредената македонка е на 50 годишна возраст, а во возилото била со својот 56 годишен сопруг. Таа во моментов е на лекување во општата болница во Кукуш.

Во третото возило кое се судрило со свињите, животот го загубиле двајца патници.

Во тек е истрагата за причините за несреќата.