Skip to main content

Македонската гајда е светско нематеријално културно наследство на УНЕСКО

На 19. седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО што се одржува во Асунсион, главниот град на Парагвај, делегатите го признаја македонскиот народен музички инструмент гајда како светско нематеријално културно наследство.
 |  инфодеск  | 

На 19. седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО што се одржува во Асунсион, главниот град на Парагвај, делегатите го признаја македонскиот народен музички инструмент гајда како светско нематеријално културно наследство. Министерот за култура, Зоран Љутков на својот официјален фејсбук профил напиша дека ова е голем успех за македонската култура и можност за промоција и заштита на македонското национално богатство за идните генерации.

„Ова е важен момент за македонската култура, бидејќи по 7 години, повторно сме дел од светската карта на нематеријално културно наследство! Со ова, вкупниот број на нашите впишани добра сега изнесува 6, од кои 2 се заеднички со Турција. Се радуваме на идните можности за промоција на нашето национално богатство и заштита на нашата култура за идните генерации.“, стои во неговата изјава.