Македонската ИКТ технологија 65-та во светот
Македонија, според развиеноста на информатичко комуникациските технологии (ИКТ) се наоѓа на 65-то место во светот.
банер

На листата на Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) за развојот на ИКТ во периодот 2002-2007 година Македонија паднала за 12 места.
Листата покажува дека индексот на развој на ИКТ се зголемил од 2,65 на 3,42, што значи дека другите земји многу побрзо ги развивале информатичко – комуникациските технологии од Македонија.
Според извештајот Македонија во 2002 година имала 27,2 фиксни телефонски приклучоци на 100 жители, а во 2007 година тој број паднал на 22,7. Од друга страна рапидно се зголемил бројот на мобилни телефони. Во 2002 година на 100 жители имало 18,1 мобилен, а во 2007 бројката скокнала на 95,5. Процентот на домаќинства со компјутер од 2002 до 2007 пораснал од 23,8 на 25 насто, а на домаќинствата со интернет од 5,4 во 2002 на 15,5 насто во 2007 година.
Информатичко – комуникациските технологии се најразвиени во Шведска, која има индекс од 7,50, а на зад неа на првите места следуваат Јужна Кореја, Данска, Холандија, Исланд, Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Финска и Велика Британија.
Меѓународната унија за телекомуникации презентирајќи го извештајот оцени дека напредок во ИК технологиите во набљудуваниот период имало во сите 154 земји со исклучок на Мјанмар. Големи скокови се забележани кај Луксембург, Пакистан, Обединетите Арапски емирати, Ирска, Макао, Јапонија, Италија и Франција. Најразвиени на полето на ИК се богатите држави, а на дното се сиромашните претежно африкански земји.
На листата од земјите од регионот подобро од Македонија се рангирани Словенија (28), Грција (34), Хрватска (43), Бугарија (45), Романија (46), Босна (58), полош резултат има само Албанија (85).
Извештајот на Меѓународната унија за телекомуникации опфаќа и таканаречена ценовна кошничка за ИКТ, според која релативните трошоци се најниски во Сингапур, САД, Луксембург, Данска и Хонг Конг. Македонија според овој показател е на 69-тото место, зад државите од регионот Грција (27), Словенија (32), Хрватска (46), Романија (54), Босна (61) и Бугарија(64).

{loadposition content9}