Skip to main content

Македонската жена помалубројна, но пообразована и подолговечна

Македонската статистика покажува дека припадничките од понежниот пол во земјата иако се помалубројни за разлика од мажите, сепак живеат подолго, а во исто време имаат поголемо образование од посилниот пол.

zeni
жени

Македонската статистика покажува дека припадничките од понежниот пол во земјата иако се помалубројни за разлика од мажите, сепак живеат подолго, а во исто време имаат поголемо образование од посилниот пол.

Според процената на населението во земјава, процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е речиси подеднакво, 49,9 отсто од населението се жени, а 50,1 отсто се мажи, додека просечната возраст на жените изнесува 38,3 години , додека на мажите 36,7 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број на вработени жени, 24,6 отсто се со високо образование. Од работната сила, 38,6 отсто од жените се невработени. Речиси две третини од неактивното население се жени. Учеството на наставничките во основното образование се зголемува и во 2011 година изнесува 66,1 отсто од наставниот кадар во основното образование. Учеството на жените наставници во средното образование е 58,6 отсто, додека во високото образование изнесува 47,2 отсто.

zeniОд вкупната работна сила 39.4 отсто се жени, додека од нив, 23,4 отсто се со високо образование.

Бројот на дипломирани студенти жени во 2011 година изнесува 56,7 отсто од вкупниот број на дипломирани студенти – државјани на Република Македонија. Исто така, и бројот на жените кои магистрирале и докторирале е повисок во однос на мажите.

Во однос на старосната структура, учеството на жените во младото население на возраст од 0 до 14 години изнесува 16,8 отсто, а учеството на жените на возраст од 65 и повеќе години изнесува 13, отсто.

Жените живеат 4,3 години подолго од мажите, т.е. според податокот за очекуваното траење на животот, жените живеат 77,0 години, а мажите 72,7 години.

Во структурата според пол, кај живородените деца женските деца имаат помало учество и тоа 48,4 отсто, односно, на 100 живородени женски деца 106,7 се машки.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35,3% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28 години, а 26,2 години на првите раѓања.
Во 2011 година се регистрирани 23 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Според тоталната стапка на фертилитет (ТФР) во 2011 година која изнесува 1,5 живородени деца на една жена, жените во Македонија сè почесто се одлучуваат да раѓаат по 1 или 2 деца.

Просечната возраст при склучување прв брак е 25.4 години за невестата и 28,3 години за младоженецот. Во 2011 година, најголем број на разводи 342 или 19,5 отсто, се случени кај жените на возраст од 30-34 години.

Од вкупно 19 465 умрени лица во 2011 година, поголемо учество, или 52,4 отсто, се од машки пол, а 47,6 отсто се од женски пол. Просечната возраст кај умрените од женски пол изнесува 74,4 години, односно 69,9 години години кај лицата од машки пол.

Во вкупниот број (2096 ) на доселени лица од други држави, жените учествуваат со 51,4 отсто, додека во вкупниот број на отселени лица во други држави (1290), учеството на жените изнесува 38,8 отсто.

{loadposition content9}