Македонски „Фејсбук“
Драган Матески кој има само 21 година од пред извесно време со комбинација на повеќе социјални мрежи ја создаде македонската верзија на „Фејсбук“, „HalloHi„ (www.hallohi.net).
Идејата ми дојде уште со појавувањето на “My space”, но ми требаше време за да ја разработам. Почетокот на оваа социјална мрежа датира од ноември 2009 година, а денес веќе има околу 6.000 членови, со дневен пораст на членовите од 5 отсто. Има подобар „chat” од „Фејсбук„, а и квалитетот на музиката која може да се постави е подобар, вели за Макфакс, Матески.
Реализацијата на идејата ја стартувал со капитал од само 100 евра, но за понатамошно развивање на мрежата ќе му требаат повеќе средства.
„Моментално имаме само еден спонзор, што не е доволно, бидејќи во приказната повеќе не сум сам. Ангажирани се 20 лица во улога на администратори, модератори, дизајнери, програмери. Преговараме со неколку македонски фирми за подршка„, вели Матески.
Досега во целиот проект се инвестирани 5.000 евра.
{loadposition content9}