Skip to main content

Македонски кандидати за Светскиот самит за информатичко општество

Кандидатите за претставници на Македонија за наградата на Светскиот самит за информатичко општество во 2009 година, ќе бидат претставени денеска во Скопје.

internet kafe
интернет кафе
Кандидатите за претставници на Македонија за наградата на Светскиот самит за информатичко општество во 2009 година, ќе бидат претставени денеска во Скопје.

Цел на наградата е поттикнување на креативните потенцијали низ целиот свет да дадат придонес за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз кои го спречуваат сеопфатниот и рамномерниот развој на информатичкото општество.

informaticarkaКандидатите од Македонија ќе конкурираат во осум категории по различни е-содржини, а жирито нема веднаш да ја донесе одлуката, туку дополнително детално ќе ги разгледа претставени проекти.

Целиот процес се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и претставуваат одлична прилика за светска промоција.

Настанот го организира фондацијата „Метаморфозис“, чии цели се развој на демократијата и просперитетот преку промоција на економија базирана на знаење и информатичко општество.

 

 

{loadposition content9}