Skip to main content

Македонски павилјон во Венеција

Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември.

 |  Маја Савиќ  | 
Venecija
Венеција

Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември. Галерискиот простор се наоѓа во регионот Канареџо, близу до главниот плоштад Сан Марко, а во него досега излагале светски познатите уметници Јоко Оно и Марина Абрамовиќ. Организаторите на нашето учество на големата манифестација велат дека тоа е одлична стартна позиција, бидејќи многумина љубители на уметноста кои редовно го посетуваат Биеналето многу добро го познаваат изложбениот простор. Има најави дека во истата палата ќе биде изложен и уметничкиот проект на Хаваи, па се очекува на нивното отворање да присуствува и американскиот претседател Барак Обама.

Закупот на галеријата за шест месеци ќе чини 30.000 евра. Договорот во петокот го потпишале претставници од Конзулатот на Република Македонија во Венеција и од палата „Пезаро Папафава“. Сумата ќе ја поделат организиторите на двете изложби – Националната галерија на Македонија и Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. Организаторите на нашето претставување сметаат дека сумата воопшто не е голема, со оглед на тоа што локацијата ја пронашле три месеци пред почетокот на големата манифестација. Тие имале голема помош од нашиот генерален конзул Амон Бајрамовски.

Венециското биенале ќе трае од 4 јуни до 27 ноември. Тема на Биеналето е „ИЛУМИнации“, а директор на престижната манифестација е Швајцарката Бис Куригер.

{loadposition content9}