Skip to main content

„Македонски пошти“ со нови мопеди и опрема за поштарите

Со цел да се подобри квалитетот на услугите и условите за работа АД „Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема за пошторазнесувачите.

logo

Со цел да се подобри квалитетот на услугите и условите за работа АД „Македонска пошта“ набави 120 мопеди со комплетна опрема за пошторазнесувачите.

rakovodstvoМопедите се наменети за достава на поштенски пратки, пред с,е во рурални средини со ридско планинска конфигурација на терен и средини со рамничарска конфигурација на терен во кои пошторазнесувачите поминуваат подолги релации.

Moпедите се со препознатливата жолта боја на Македонска пошта, со странично поставени сандачиња за багаж, прицврстени на задниот дел, кој овозможува пренесување на пратки со максимална тежина до 30 кг. по сандаче.

– Очекуваме со набавката на мопедите значително да се подобри квалитетот на доставата. Опремувањето на Македонска пошта има за цел подобрување на условите за работа, подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на капацитетите кое ќе продолжи и во иднина, со цел да имаме задоволни корисници, а со тоа и успешна компанија – велат од Македонска пошта.