Skip to main content

Македонските средношколци како Европски парламентарци

Во периодот од 3 до 5 октомври во организација на Меѓународното училиште „НОВА”,се одржа петтата национална симулација на Европскиот парламент.

ucenici nova
ученици нова

Во периодот од 3 до 5 октомври во организација на Меѓународното училиште „НОВА”,се одржа петтата национална симулација на Европскиот парламент.

На овој настан учествуваа 80 ученици и 20 професори од дваесет средни  училишта во земјава. Овие ученици се дел од МЕП-клубовите во матичните училишта каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. Тие се дел од дополнителната настава во секое од овие  училишта.
 
ucenici novaУчениците кои  учествуваа на оваа симулација доаѓаат од средни училишта од: Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Тетово, Битола, Охрид и Крушево.

Најдобрите петмина ученици од оваа делегација ќе имаат можност да ја претставуваат Република Македонија на Меѓународната симулација на Европскиот Парламент во Луксембург во ноември годинава. На симулацијата, сите учесници, претставувајќи различна земја членка на ЕУ, разговараа за теми што моментно се мошне актуелни  во унијата, но и во Македонија како земја со кандидатски статус за членство. Во текот на симулацијата учениците држеа говори, дебатираа и пишуваа Резолуции за прашањата за кои дискутираа.
 
Последниот ден се одржа симулација на Генералното Собрание на Европскиот Парламент во просториите на Градското Собрание на Град Скопје.  Главни гости-говорници тогаш беа Н.Е. Амбасадорот на Италија во Македонија: Ernesto Massimino Bellelli, Н.Е. Амбасадорот на Британија во Македонија: Charles Edmund Garrett, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров и директорот на  Гимназијата „НОВА”Виктор Новаковски.

Сите говорници оддржаа инспиративни говори пред учесниците на настанот, зборувајќи за прашања важни за институциите кои ги претставуваат, Европската Унија и младите.

{loadposition content9}