Skip to main content

Македонските власти дебелината кај децата ќе ја решаваат со реклами

Седумгодишните деца во Македонија се најдебели, при што опасноста за нарушување на нивното здравје се зголемува уште од мали нозе.

 |   | 
debeli deca
дебели деца

zdrava hranaСедумгодишните деца во Македонија се најдебели, при што опасноста за нарушување на нивното здравје се зголемува уште од мали нозе. Со вакви податоци за 2010 година располага Институтот за јавно здравје, додека втори на листата се децата во предучилишна возраст, а веднаш по нив следат петооделенците. Мал процент од средношколците во земјава се вбројуваат во категоријата на дебелите деца.

Додека Европската комисија веќе ја почна борбата против дебелината и формираше Европска платформа за диета, физичка активност и здравје,  македонските власти дебелината кај децата ќе ја спречуваат само со промотивни кампањи и реклами.

Нездравата и мрсна храна, газираните сокови и недостатокот на физичка активност се главните причини за дебелината на децата од мали нозе, алармираат лекарите. Според нив многу ретко кај младите можат да се искоренат навиките во исхраната, па наместо овошје и зеленчук, тие се почесто конзумираат брза храна, хамбургери, кока кола. Познавачите апелираат дека само навремената превенција на дебелината во раното детство, би ги спречила и последиците од неа – во спротивно таа ќе биде присутна и во подоцнежна возраст, со здравствени проблеми.

zdrava ishrana

Лекарите редовно ги советуваат родителите дека исхраната на нивните деца треба да биде богата со протеини, јаглехидрати, витамини и минерали. Мастите според нив, треба да се внесуваат преку млечните производи, рибата и растенијата, а не преку месо, пржена храна и мајонез. На светско ниво постои епидемија на дебелина кај децата, дури 42 милиони деца се соочуваат со проблемот на преголема тежина. Во Европа таа броја се движи околу 14 милиони деца.

{loadposition content9}