Skip to main content

Македонскиот БДП една третина од европскиот

Брутодомашниот производ (БДП) на Македонија по глава на жител во 2008 година бил 33 отсто од просечниот БДП во 27-те земји членки на Европската унија, соопшти Евростат.

pari
пари
Брутодомашниот производ (БДП) на Македонија по глава на жител во 2008 година бил 33 отсто од просечниот БДП во 27-те земји членки на Европската унија, соопшти Евростат.

pariСпоред истиот извор македонскиот БДП во 2007 бил 31 отсто од европскиот просек, а во 2006 – 29.

Извештајот на Евростат за куповната моќ на населението во земјите членки на ЕУ, кандидатите и потенцијалните кандидати за членство, како и државите членки на ЕФТА, покажува големи отстапувања на БДП во однос на просекот.

Дури 276 насто од просекот на ЕУ е БДП по глава на жител во Луксембург, додека во Бугарија претставува 41 отсто.

Меѓу земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Еу највисока куповна моќ има Хрватска од 63 насто, а најниска Албанија од 26 проценти.



{loadposition content9}