Македонско оро за Гинис
На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга.
На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга.
Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа “Танец” и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа категорија. Ова го најави Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцирајќи дека со орото ќе се означи стартот на новата туристичка сезона во Македонија.
-Истовремено, ќе се одбележи и јубилејот 65 години од Националната установа “Танец” и илјада години од Самоиловата држава.
„Македонија има 1.780 села, 6.000 археолошки наоѓалишта, над 2.000 цркви и манастири, што претставува големо богатство на мала територија и развој на повеќе видови туризам. Ова може да се спакува во добар пакет-услуги и да им се понуди на странските туристи и тие да уживаат во нешто старо илјадници години“ – потенцира Хот и додава дека туристите обожаваат да ја вкусат и добрата македонска храна.
{loadposition content9}