©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Македонско-турска културна соработка

Македонија и Турција ќе имаат Програма за соработка во културата за периодот 2009-2011 година.

zname
знаме
Македонија и Турција ќе имаат Програма за соработка во културата за периодот 2009-2011 година. Програмата утре во Истанбул ќе ја потпишат министерката за културата Елизабета Канческа-Милевска и нејзиниот колега Ертугрул Ѓунај, министер за култура и туризам на Турција.

Со Програмата двете страни ќе се обврзат за интензивирање на соработката во различни сегменти во културата и уметноста, реципрочна промоција на двете култури и за отворање културно-информативни центри – на Македонија во Истанбул и на Турција во Скопје. Иницијативата постои подолго време, но не е реализирана зашто се уште не се избрани локации за центрите.

Во македонската делегација која денеска и утре престојува во Турција е и Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предвидено е тој да има средби со раководни лица од турските надлежни институции од областа на заштитата на културното наследство.

dzamijaТурција е заинтересирана за заштита на спомениците на културата од османлискиот период во Македонија, за што во октомври 2005 година министерствата за култура на двете земји потпишаа Меморандум за конзервација и реставрација на некои споменици.  Со поддршка на Турската агенција за развој и соработка – ТИКА од Анкара речиси е завршен проектот за реставрација на Мустафа-пашината џамија на Скопското кале, репрезентативен споменик од исламската верска архитектура од 15 век.  Заврши препокривањето со олово на големата купола на џамијата, а целосната реставрација се очекува до крајот на годинава.

Активна соработка двете земји остваруваат и во областа на музичко-сценската уметност, реципрочно учество на културни манифестации, настапи на фолклорни друштва. Македонија редовно учествува на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул, каде што се претставува книжевната продукција на македонски писатели од турската етничка заедница.
Културната соработка на Македонија и Турција е регулирана со меѓудржавен документ во 1995 година, а ресорните министерства ја надоградуваат со програми. Последната програма беше со важност од 2004 до 2007 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top