Максим Димитриевски од ЗНАМ од утре до понеделник во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца
Кандидатот за претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија ќе ја презентира програмата во охридско струшкиот регион.
Според агендата на караванот предвидено е во сабота во 12 часот средба со граѓани во општина Вевчани, додека во 13часот и 30 минути караванот се сели во општина Струга. Од општина Струга, караванот доаѓа во Охрид каде во недела предвидено е од 18 часот да има голем собир на граѓани.
„На ден 07.04.2024 година Ве покануваме на јавен собир на граѓани со почеток во 18 часот на плоштадот кај Мини-Маркет во пресрет претстојните Претседателски избори 2024 година, промовирање на предизборната претседателска програма насловена „Манифест за Македонија“ , слоганот на кампањата „Максимум за Македонија“ и нашиот кандидат за претседател на Република Македонија, г-дин Максим Димитриевски. Ве очекуваме! “ – стои во соопштението на Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, ОО Охрид
Во понеделник на 08.04.2024 година со почеток од 11 часот предвидено е претсадателскиот кандидат да има средба со целни групи во Охрид и околината на општина Охрид, додека по завршувањето во 13 часот претседателскиот караван се сели во општина Дебрца.