Skip to main content

Ќе се монтираат мали пристаништа на езерата во државава

На Охридското Езеро ќе има 5 мали пристаништа, понтони, на Дојранското и Преспанското по две, а едно ќе се монтира и на Мавровското Езеро.

 |   | 
ezero
езеро

Имено целта на поставувањето на овие пристаништа, популарно наречени „понтони“, е дополнителна промоција на туристичките атрактивни места во земјава и подобрување на условите во внатрешната пловидба.
pontonski

Врз основа на анализа што ја направи Министерството за транспорт и врски Владата усвои акционен план со кој е предвидена можноста за поставување на пристаништата.
Предвидено е да се постават вкупно 10 мали пристаништа на локации во Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското Езеро. На Охридското Езеро треба да се монтираат мали пристаништа на пет локации, од кои четири во општина Охрид, на плажите Љубаништа, Магнус, Куба либре и Немо. Бидејќи овие плажи ќе се издаваат под краткотраен закуп, поставувањето на мали пристаништа ќе биде една од обврските за идните закупци.
Едно мало пристаниште предвидено е и на градската плажа во Струга.
На Преспанското и на Дојранското Езеро треба да се постават по две пристаништа. Тендерот за нив ќе го распишат Министерството за транспорт и врски и а.д. ЕЛЕМ. На Мавровско Езеро ќе има само едно пристаниште и за него ќе биде задолжено ЈП Национален парк Маврово”.
Истите можат да бидат соодветно осветлени и опремени со мост за приод, гумени одбојници и скала за качување од вода, како и можност за поставување на пумпа за точење на гориво.