Skip to main content

Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да возат до 20 часот

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени  од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени  на последната седница на Владата.

 |   | 
teen girl
teen girl

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени  од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени  на последната седница на Владата.
teen girl
“Стекнување на возачка дозвола на 16 години, регулирање на сообраќајот на кружните текови и заострување на казнената политика за паркирање на места предвидени за лицата со посебни потреби  се најновите измени во законот за безбедноста во сообрајот“, изјави Јанкуловска.

Според Јанкулоска, овие измени се донесени се со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.  

“Подобро да се едуцираат младите отколку да се казнуваат. Според Европското законодавство овој закон е потполно издржан и следејќи го примерот на други земји каде веќе се практикува ќе треба да донесе добри резултати“, истакна Јанкуловска.

Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да се стекнат со возачка дозвола само доколку исполнуваат одредени услови меѓу кои:  да се психофизички здрави, да поседуваат лична карта, да имаат најмалку основно образование и најважно од се’ е да имаат согласност од родителот или старател.

Вклучувањето на малолетниците во сообраќајот има и  ограничувања , малолетниците не смеат да управуваат со возилата од 20.00 до 05.00 часот без придружба на родител кој исто така треба да поседува возачка дозвола , да возат 60 километри на час на јавен пат и 80 на пат за моторни возила.

За непочитување на правилата во сообраќајот за малолетниците следува казан до 300 евра во денарска противредност и од 3 до 12 месеци забрана на управување со возилото.

{loadposition content9}