Од март апликации за британски визи и во Скопје
Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.
Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.
Од 26 март ќе може да се аплицира во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија. Канцеларијата ќе работи во период од 9 до 13 часот, од понеделник до среда, а апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин.
За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна листа, која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство.
Македонските граѓани од пред околу две години досега мораа за британска виза да одат во Белград.
{loadposition content9}