Маслото Брилијант поевтино за 40 денари
Сашо Наумоски, директорот на „Витаминка“ вчера објави дека цената на маслото за јадење на брендот „Брилијант“ е намалена за 40 денари во изминатиот период.
Цената е падната за скоро 40 денари и ние се трудиме и понатака цената да ја намалиме и да ја донесеме, ако е можно да дојде до цените од пред три години што беа. Цената најмногу зависи на нашиот производ од суровината, рече вчера Наумоски при посетата на премиерот Димитар Ковачевски во фабриката.
Пикот на кризата со цените на маслото беше во периодот април-мај по избувнувањето на војната во Украина.
Самиот „Брилијант“ тогаш објави дека ја изедначува цената на маслото со онаа на останатите македонски производители поради скапото увозно сурово масло.
Кризата се смируваше донекаде со увозот од Србија, но граѓаните и натаму трупаа залихи.