Skip to main content

Трагедија

Маж загина во пожар во Струмица

Загинатиот 63-годишник, според информации на Територијалната противпожарна единица Струмица, бил член на семејството што живеело во куќата.
 |  инфодеск  | 
Пожар

Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во куќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица.

Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три противпожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.