Skip to main content

Меѓународен ден без автомобили

Карван од велосипеди ќе врви денеска низ скопските улици во знак на одбележување на Меѓународниот ден без автомобили.

velosipedi
велосипеди

Карван од велосипеди ќе врви денеска низ скопските улици во знак на одбележување на Меѓународниот ден без автомобили.

velosipediПредвидено е карванот да тргне од пред градските бараки и ќе се движи кон трговскиот центар „Буњаковец“ каде што ќе биде презентирано паркиралиште за велосипеди.

Централниот настан „Со велосипед е во ред! а каде да паркирам?“ треба да се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје.

Целта на целиот проект е да го промовира велосипедот како рамноправно транспортно средство во урбаните средини и преку конкретни акции и поставување паркиралишта за велосипеди на повеќе локации во Скопје.

Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ќе присуствува на централната манифестација на одбележувањето на Денот без автомобили во Гостивар.

{loadposition content9}