Меѓународен ден на лицата со хендикеп
Меѓународниот ден на лицата со хендикеп 3 Декември во четврток ќе се одбележи соодветно и во Македонија.

лого

Здружението на граѓаните „Полио плус“ ќе претстави две публикации со цел да им сугерира на сите општествени чинители, особено на пратениците и институциите да стават крај на дискриминацијата по основ на хендикеп.
Воедно здружението ќе побара да се исполни визијата за еднакви можности, ратификувајќи ја и ефикасно спроведувајќи ја последната Конвенција на ООН за правата на лицата со хендикеп и на нејзиниот Опционен протокол.
Освен актуелните членови на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ), се очекува на настанот да учествуваат и координаторот на ООН И УНХЦР, Карлос Малдонадо, како и заменик-министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристевски кои ќе се произнесат со свои видувања и препораки.
Повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градот Скопје ќе промовира три посебно адаптирани возила, со кои треба да започне организираниот превоз на лица со потешка телесна инвалидност, како и на лица со тешки моторни пречки.
Возилата се сопственост на Град Скопје, а се дадени на користење на ЈСП „Скопје“, кое ќе го изведува превозот.

{loadposition content9}