Skip to main content

Менса Македонија организира тестирање на општата интелигенција

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
 |  инфодеск  | 

Менса Македонија организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови, на 19.04.2026 (недела), во 11:00 часот, на American University of Europe (поранешен ФОН), Киро Глигоров 5, Скопје.

Кандидатите е потребно:
– да имаат полни 16 години,
– да уплатат 600 денари на:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање,
– од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и
– претходно да не се тестирале повеќе од два пати.

Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/ypexLGKhoMQPccPc9
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 18.04.2026.

Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица, сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст, односно треба да уплатат 300 МКД.

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.

Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.