Милошоски на „Кроација самит“
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска учествува на четвртиот „Кроација самит“ на тема „Стратешки императив на Европа – енергетика, инвестиции и развој”, што се одржува во Дубровник.

Милошоски ќе има свое обраќање на панелот наречен “ЕУ и НАТО – Трансформација на Југоисточна Европа“, во кое ќе ги реафирмира стратешките определби на Македонија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ и членството во НАТО, како клучни прашања за политичкиот и демократски развој на земјата.
Високи претставници на држави и на меѓународни организации ќе разговараат за актуелни теми и предизвици, а ќе бидат разменети и гледишта за пошироката визија на европската иднина.
Се очекува дискусиите на Самитот да се фокусираат на стратешките определби и заложбите на Европската Унија за решавање на прашањата од областа на енергетиката, инвестирањето, економскиот развој и просперитет, како и за идните политики насочени кон земјите-соседи на Европа.
{loadposition content9}