Skip to main content

Милошоски на неформален состанок во Истанбул

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Jугоисточна Европа(ПСЈИЕ).

Antonio Miloshoski
Антонио Милошоски
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Jугоисточна Европа(ПСЈИЕ).

Antonio MiloshoskiНа Состанокот, што ќе се одржи во Истанбул, ќе се разгледуваат генералните линии на дејствување на турското претседателство со Процесот што Турција го презеде во јуни оваа година, по што се очекува да биде конципирана работната програма на ПСЈИЕ за наредниот период.

Во рамките на работниот престој во Турција, министерот Милошоски ќе учествува и на 12–тата Конференција на Балканскиот политички клуб, што ќе се одржи во сабота во Истанбул.





{loadposition content9}