Милошоски: оптимист за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО
„Македонија се движи во добар правец на стабилна држава, унапредување на мултиетничкото општество, солиден економски развој.“ истакна министерот за надворешни работи.
„Сигурен сум дека како држава со посветеност, со реформи и дополнителен труд за надминување на одредени пречки ќе успееме да ги постигнеме надворешно-политичките приоритети – членството во НАТО и во ЕУ, како нација која би требало да ја круниса својата демократизација.“ -ова го нагласи министерот за надворешни работи Антонио Милошоски вчерашната седница на собраниската Комисија за надворешни работи.
Милошоски информира дека приоритет на Владата и на МНР е исполнување на осумте одредници добиени во март од страна на Европската комисија, чие исполнување ќе значи определување датум за преговори и позитивна препорака од страна на ЕК. Тој дополни дека септември ќе биде клучниот месец за извештајот и препораката од ЕК, по што следува и потврдата од Советот на ЕУ во декември.
Милошоски најави дека Македонија ќе остане доследна на преземените обврски, заедно со земји-членки на НАТО, особено на учеството во мировните мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и во Ирак. Тој ја најави и можноста за симболично учество на македонски мировници во мисијата на ОН во Либан, но и за полициско учество во европската полициска мисија во Авганистан.
Во однос на статусот на Косово и позицијата на македонската Влада, Милошоски потенцира дека има позитивен пристап за развивање на соработката со Приштина, при тоа имајќи за цел да ги развива и продлабочи билатералните односи и со Белград.
Милошоски информира дека во насока на проширување на дипломатската мрежа, донесена е одлука за отворање амбасади во Њу Делхи и Тел Авив, како и генерални конзулати во Минхен, Чикаго и Венеција. Во рамките на економската дипломатија, во соработка со Агенцијата за странски инвестиции, за прв пат 22 – ца економски промотори ќе бидат задолжени за промоција на инвестиционите можности на Република Македонија и привлекување странски инвстиции.
Продолжува и дијалогот за визната либерализација, информира шефот на македонската дипломатија, посочувајќи дека министерствата за надворешни работи на земјите – членки на ЕУ во голем дел имаат позитивен пристап за визната либерализација. Но, од друга страна, рече тој, министерствата за внатрешни работи во одредени земји – членки на ЕУ, имаат одредена резерва, која влијае врз вкупната политичка клима во земјите. Милошоски нагласи дека до крајот на оваа година се очекува да се заокружи системот на интегрирано гранично управување.