Skip to main content

Прес конференција

Минималната плата ќе се зголеми во првиот квартал од 2023

„Ќе има зголемување на минималната плата во првиот квартал од идната 2023 година“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
 |  инфодеск  | 
Денари минималец

Премиерот Димитар Ковачевски најави зголемување на минималната плата во првиот квартал од идната година. Ковачевски рече дека согласно методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на Владата, зголемувањето ќе биде во првиот квартал од идната година.

Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата – истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000 денари.

Методологијата предвидува дека минималната плата се усогласува 50 проценти со зголемувањето на трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата. Минималната плата годинава беше покачена на 18 илјади денари, но требаше да се усогласат и другите плати со неа.