Влада
Минималната плата ќе се зголеми на 18 илјади денари
Минималната плата ќе се зголеми минимум на 18 илјади денари во вториот квартал на 2022 година. Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање.
Минималната плата ќе се зголеми минимум на 18 илјади денари во вториот квартал на 2022 година.Ова денес го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Бирото за метрологија.Инаку претходно, Сојузот на синдикати на Македонија соопшти дека на 24-ти јануари ќе одржи средба со Владата и на неа ќе се разговара за барањата на Синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, утврдување на правото на регрес во јавниот сектор и за примената на законските одредби со кои недела е прогласен за неработен ден, бидејќи од страна на одредени работодавачи се крши.