Skip to main content

Минималната синдикална кошница за јуни изнесува 60 325 денари

Во однос на јануари годинава, кога минималната синдикална кошница изнесуваше 57 163 денари, овој месец таа е зголемена за 3 162 денари или за 5,5 отсто.
 |  инфодеск  | 
Маркет

Минималната синдикална кошница за јуни изнесува 60 325 денари и е покачена за 235 од минатиот месец, кога беше 60 090 денари.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во јуни едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 21 952 денари или 36,4 отсто од вкупниот износ на минималната кошничка. За облека и обувки 4 962 денари, за станарина, вода, електрична енергија, и греење 6 014 денари, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1 827 денари, за здравје 1 069 денари и за транспорт 4 871 денар.

За комуникација на едно четиричлено семејство во јуни годинава му биле неопходни 3 240 денари од вкупниот износ на минималната кошничка, за рекреација и култура 4 378 денари, за образование 7 022 денари, за ресторани и хотели 3 890 денари, а за останати стоки и услуги 1 100 денари.

Според пресметките на ССМ, за оние семејства што живеат во стан под кирија потребни им се дополнителни 15 375 денари.

Во однос на јануари годинава, кога минималната синдикална кошница изнесуваше 57 163 денари, овој месец таа е зголемена за 3 162 денари или за 5,5 отсто.