Минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари
Минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари, соопшти вчера Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на пресконференција.
Толку средства месечно му се потребни, за најосновните потреби, на четиричлено семејство доколку имаат свој дом, стан од околу 60м2. Ако живеат под кирија , тогаш трошоците се повисоки за 21.324 денари, односно, износот на кошничката ќе изнесува 71.972 денари.
Семејство со две минимални плати може да покрие околу 70% од основните трошоци во минималната синдикална кошничка. Гледано по ставки, најмногу тежи храна и пијалаци 20.700 денари или 36,7 отсто а потоа се режиските трошоци со 10, 4 отсто или речиси вкупно половина од кошничката. 8.6% од сумата отпаѓа за транспорт, 8.5% за облека и обувки, 7.5% за рекреација и култура, додека за ресторани и хотели, трошокот изнесува 6.6%. Нешто под 4.4% од трошоците отпаѓаат на комуникација, 3% за хигиена, 2% за здравје и 1.7% за останати стоки и услуги.
Пресметките за декември се направени според новата методологија за утврдување на минималната синдикална кошница, што ја презентираше Сојузот на синдикатите на Македонија. Новата минимална синдикална кошничка има нови 4 ставки и таа ќе биде основа за пресметка на минималната плата во март следната година.