Skip to main content

Синдикална кошница

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Од ССМ велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.
 |  инфодеск  | 
маржи основни производи

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Од ССМ велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19 805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13. 416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3. 720 денари, а за хигиена 3. 252 денари.