Skip to main content

Министерот Милошоски во официјална посета на Албанија

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, на покана од неговиот албански колега Илир Мета, денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана, Албанија.

 |   | 
Miloshoski
милошоски

tiranaПокрај разговорите со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Милошоски ќе биде примен од претседателот на Албанија, Бамир Топи, претседателот на Собранието Јозефина Топали и од албанскиот премиер Сали Бериша.

За време на средбите се очекува да стане збор за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, за процесите во однос на остварувањето на идентичните надворешно-политички ориентации во делот на евро-атлантското интегрирање и регионалната соработка. Особено внимание ќе се посвети на можностите за интензивирање на економската билатерална соработка.

За време на посетата министрите Милошоски и Мета ќе потпишат Протокол за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји и Протокол за соработка меѓу Директоратот за дипломатска едукација при Министерството за надворешни работи на Македонија и Дипломатската академија при Министерството за надворешни работи на Албанија.

Предвидено е македонскиот шеф на дипломатијата да има обраќање пред учесниците на Дипломатската академија на Албанија.



Оваа вест е преземена од: http://www.sitel.com.mk

{loadposition content9}