Skip to main content

Министерот Милошоски на форум на Алијансата на цивилизации

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре во Истанбул ќе учествува на вториот годишен форум на Алијансата на цивилизации.

Antonio Miloshoski
Антонио Милошсоки
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре во Истанбул ќе учествува на вториот годишен форум на Алијансата на цивилизации.

На форумот, чиј домаќин е Владата на Турција, ќе партиципираат политички лидери на преку 50 земји, претставници на меѓународни и регионални тела, на донаторски организации, на фондации и граѓански здруженија. Најавено е и учеството на американскиот претседател Барак Обама, на вториот ден од конференцијата.

Воведни обраќања ќе имаат турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Владата на Шпанија Хозе Луис Родригез Запатеро, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, високиот претставник на генералниот секретар на ОН за Алијансата на цивилизации, претседателот Хорхе Сампало и други високи политички личности.

Од учесниците се очекува да дебатираат за некои од постојните недоразбирања и разлики меѓу културите и религиите, како и да истражат дел од предизвиците за добро менаџирање на културната различност во време на забрзана глобализација.
Форумот ќе биде акциски ориентиран кон утврдување конкретни проекти и практични препораки. Покрај пленарната дебата со учество на високи државни претставници, предвидена е и меѓународна платформа за развој на заеднички иницијативи и покренување програми, работни сесии за специфични проекти со цел размена на најдобрите искуства од страна на учесниците, како и уникатна сесија наречена „Пазар на идеи“ на која треба да се презентираат најновите и најуспешни проекти кои имаат за цел надминување на културните разлики и градење на мирот.
Се очекува од форумот да произлезат зајакнати партнерства за одржлива интеракција меѓу различни заедници и јакнење на довербата и помирувањето меѓу културите, како и креирање моќна мрежа на глобални лидери, меѓународни организации, корпорации и други општествени и младински организации.

Antonio MiloshoskiПредвидено е министерот Милошоски, во рамки на форумот, да има повеќе билатерални средби со учесниците.
Алијансата на цивилизации се смета за најзначајна меѓународна иницијатива чија главна цел е создавање глобален политички простор за промоција на комуникацијата и меѓусебното разбирање на народите и културите. Формирана е во 2004 година на иницијатива на Шпанија, а поддржана најпрво од Турција, како ко-спонзор, а потоа и од сите други членки на ОН. За многу кратко време се покажа како корисен инструмент за корекција на негативните перцепции за односите меѓу западниот и исламскиот свет, што како оправдување ги користат екстремистите од двете страни.

Првиот форум на Алијансата на цивилизации се одржа во јануари 2008 година во Мадрид, а негов домаќин беше Владата на Шпанија. Објавување глобална иницијатива за вработување млади луѓе, фонд за медиуми, промоција на механизам за брза реакција на медиумите, солидарен фонд за млади и создавање мрежа на амбасадори на добра волја се клучните резултати што произлегоа од овој форум.

{loadposition content9}