Министерот за образование на конференција во Љубљана
Министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска и утре во Љубљана ќе присуствува на Петтата неформална конференција на министрите за образование од Западен Балкан, која е дел од програмата на словенечкото претседателство со Комитетот на министри при Советот на Европа.
– Целта е да се развие длабока дискусија за минатиот и иден развој на Болоњскиот процес во земјите од Западен Балкан. Ќе се дебатира за развојните текови и предизвици во обезбедувањето на квалитет во образованието и рамката за квалификации, кои се определени како два основни приоритета за регионална соработка, соопшти Министерството за образование и наука.
Ќе бидат разгледани и можностите за идна регионална соработка во европската високообразовна област.
Домаќин на конференцијата е Министерството за високо образование, наука и технологија на Словенија во соработка со Советот на Европа.
{loadposition content9}