Skip to main content

Министерот за одбрана на Македонија во седиштето на НАТО

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски денеска и утре треба да ги посети седиштето на НАТО во Брисел и Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс, Белгија.

Zoran Konjanoski
Зоран Коњаноски

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски денеска и утре треба да ги посети седиштето на НАТО во Брисел и Врховната команда на сојузничките сили за Европа во Монс, Белгија.

NATOПосетата е во насока на продолжување и продлабочување на досегашната плодна билатералната соработка на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија со НАТО членките и највисоките воени командни структури на Алијансата.

За време на престојот во Врховната команда на сојузничките сили за Европа, министерот за одбрана Зоран Коњановски ќе оствари средба со врховниот командант на сојузничките сили за Европа, американскиот адмирал, Џејмс Ставридис

Во Командата на НАТО во Брисел, министерот ќе се сретне со постојаните претставници на повеќе земји членки на НАТО, помеѓу кои и со претставниците на Албанија, Бугарија, Естонија, САД, Турција, Унгарија, Холандија и Чешка.

{loadposition content9}