Министерот за здравство ја најави новата шок терапија
Без да го презентира основниот пакет здравствени услуги, министерот за здравство Бујар Османи вчера ја најави новата шок-терапија со која здравството ќе се обиде да се оттргне од колапсот – ќе плаќаме или повисока партиципација (и до 50 отсто од цената на услугата) или повисок здравствен придонес (по 8 или 9 отсто од бруто-платата) за да ги добиеме истите здравствени услуги како досега. Можно е да се воведе и партиципација од 30 денари за секој преглед кај матичниот лекар, кои сега се бесплатни, а кај стоматологот да биде бесплатна само превентивата.
Граѓаните преку јавна расправа ќе треба да одберат кое апче што им го препишува министерот Османи ќе го голтнат: дали ќе одберат да плаќаат и доброволно дополнително осигурување, со што не би плаќале и партиципација за услугите кај специјалист и во болница, или ќе сакаат да се лекуваат по вториот модел, каде што ќе мора да одберат основен, среден или проширен пакет, за што ќе мора да одделат повеќе пари отколку досега.
{loadposition content9}