Skip to main content

Министерката за култура на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Министерката за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре  ќе има обраќања на 35-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, која се одржува  од 6 до 23 октомври.

 |   | 
Елизабета Канческа-Милеска
Elizabeta Kanceska-Mileska
Министерката за култура и претседател на Националната комисија за УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре  ќе има обраќања на 35-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, која се одржува  од 6 до 23 октомври.

UNESCOКанческа-Милевска, која е и шеф на делегацијата составена од претставници на министерствата за надворешни работи, за образование и наука и за животна средина и просторно планирање, денеска во името на Република Македонија ќе се обрати на главната пленарна седница на 35-та Генерална конференција, а утре ќе се обрати на Пленарниот форум на министри, соопшти Министерството за култура.
На 35-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, меѓу другото, ќе стане збор и за предлозите на државите-членки за прослава на годишнини-јубилеи во кои може да се вклучи УНЕСКО во 2010-2011 година.

– Националната комисија на УНЕСКО, во соработка со Министерството за култура и Министерството за образование и наука, поднесе неколку кандидатури од кои најсериозни шанси за поддршка од страна на УНЕСКО имаат јубилеите: 100 години од раѓањето на Мајка Тереза и 50 години од првото одржување на меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата. На конференцијата ќе се одржи и гласање за членови на Извршниот одбор и за членство во помошните тела на УНЕСКО, за кои и Република Македонија има поднесено кандидатура, а на овој значаен состанок и формално ќе биде потврден изборот на Бугарката Ирина Бојкова за нов генерален директор на УНЕСКО, информира Министерството за култура.

Генералната конференција ја сочинуваат претставници на државите-членки на Организацијата, а станува збор за највисок орган на Организацијата кој се состанува на секои две години. Република Македонија е полноправна 175-та членка на УНЕСКО од 28 јуни 1993 година.

{loadposition content9}