Министерот Милошоски во Брисел на состанок на Северно-атлантскиот совет
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Северно Атлантскиот Совет (НАК) и земјите контрибутори во ИСАФ – мисијата на Алијансата во Авганистан.

Како што соопшти македонското МНР, министрите заедно ќе ја разгледаат актуелната состојба во Авганистан по одржувањето на претседателските избори во таа земја. Од состанокот треба да произлезе заедничка порака за поддршка и солидарност, како и заложба за успех на пристапот на Алијансата преку дополнителни контрибуции од земјите, како поддршка на авганистанските власти за понатамошна стабилизација на земјата.
На состанокот министерот Милошоски ќе има излагање со кое ќе ги информира колегите за досегашното учество на Република Македонија во мисијата ИСАФ, како и за планираните активности за наша дополнителна контрибуција во поддршка на авганистанските власти и народ за следната година.
{loadposition content9}