Skip to main content

Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан

Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан ќе организира в сабота на плоштадот „Македонија“, движењето за социјална правда Ленка.

vojnici
војници
Мирен собир за повлекување на македонските војници од Авганистан ќе организира в сабота на плоштадот „Македонија“, движењето за социјална правда Ленка.

vojnikПричина за собирот, како што наведуваат од движењето, се осумте години кои месецов се навршуваат од започнувањето на војната во Авганистан.

Премиерот и Претседателот на Македонија го поддржаа Светскиот марш на мирот во чија Декларација се бара „откажување на владите од користење на војната како средство за решавање на конфликти“ и „неодложно повлекување на освојувачките трупи од окупираните територии“, потсетуваат од движењето „Ленка“.

„Бараме од нив да постапат согласно својата прокламирана поддршка, да докажат дека се за мир и да ги повлечат македонските војници од Авганистан“, наведуваат претставниците на движењето.







{loadposition content9}