Skip to main content

Трагичен настан

Младо момче убиено во Гостивар

На момчето му била укажана помош, но тоа им подлегнало на повредите. Засега не се познати други детали за убиството.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

Трагичен настан вчера во Гостивар. Момче на возраст од 28 години е убиено во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во градот, објави „Гостивар прес“.

Според информациите на порталот од полицијата, жртвата е 28-годишен гостиварчанец со иницијали Г.А.

Околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварчанец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата – велат од СВР Тетово.

На момчето му била укажана помош, но тоа им подлегнало на повредите. Засега не се познати други детали за убиството.