Skip to main content

Министерство за надворешни работи

МНР со детали за убиството на македонски државјанин во Грција

Грчката полиција и работи на расчистување на околностите на настанот.
 |  инфодеск  | 
MNR

МНР преку соопштение се огласи за инцидентот во кој македонски државјанин беше убиен, а неговиот пријател ранет.

„По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија. Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот“, велат од министерството за надворешни работи.