Skip to main content

Моликови шишарки за европските божиќни дрвца

На Пелистер заврши бербата на моликовите шишарки. Овие плодови од моликата се повеќе се барани во Европските земји за производство на лампиони и разни други новогодишни и божиќни украси.

 |  Маја Савиќ  | 
shisarka
шишарка

ukrasi na bozikno drvceНа Пелистер заврши бербата на моликовите шишарки. Овие плодови од моликата се повеќе се барани во Европските земји за производство на лампиони и разни други новогодишни и божиќни украси.

Илјадници килограми од овие плодови ќе завршат на европскиот пазар. Жителите од подпелистерските села токму во бербата на шишарки најдоа начин за дополнителна заработувачка.
Килограм шишараки се плаќа по 35 денари додека моликовото семе 300 денари од килограм.

„Мене ми е огромно задоволство кога одам по тие работи и кога се качувам по планина. Задоволство ми е причинува на душата што се качувам, а второ што знам дека ќе заработам мои пари, и трето на крајот ќе заработам од нешто што некој друг некогаш го посадил или пак природата го дала. Нито сум го порежал, нити сум го напрскал, нити сум го навадил, нити сум го скопал. Природата го дала, да занеш да искористиш нешто нема поубава работа,“ вели Горги Дуртановски собирач на шумски плодови жител на селото Цапари.

Според собирачите на шишарки откупот на овие плодови е загарантиран. Шишарките преку Националниот парк Пелистер патуваат претежно за Германија и Италија.

Борот Молика е ендемичен вид и на Блаканскиот полуостров на големи површини единствено го има на Пелистер.


{loadposition content9}