Молотов коктел врз македонската амбасада во Приштина
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, најостро го осудува синоќешниот напад врз Амбасадата на Република Македонија во Приштина.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија, најостро го осудува синоќешниот напад врз Амбасадата на Република Македонија во Приштина, кога непознати лица од возило во движење фрлиле молотов коктел врз објектот на Амбасадата.
Имајќи предвид дека ова претставува уште еден посериозен инцидент, МНР очекува јасно и недвосмислено да се осуди и од косовските власти, како и да се пронајдат и соодветно да се санкционираат сторителите.
Истовремено, Република Македонија очекува косовските власти да работат на превенирање на инциденти од ваков вид, со што на најдобар начин би се манифестирале декларираните определби на Косово за добрососедски односи со Репблика Македонија, но и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.
{loadposition content9}