Министерството за образование и наука
МОН анализира учебната година да почнува во средина на септември
Министерството за образование се консултира со наставници и синдикатот за три можни опции.
| инфодеск | Македонија
Новата учебна 2023-2024 година да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Ова е една од варијантите која ја разгледува МОН. Се разгледува и можноста почетокот да биде на вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година учениците да имаат и краток пролетен распуст.
Министерството за образование се консултира со наставници и синдикатот за овие опции или досегашната од 1-ви септември до 10 јуни.
„Сè уште не е доставен предлогот до Владата. Тоа е дискусија што ја почнавме заедно со синдикатите. Предлозите доаѓаат со добра анализа, но сè уште не е одлучено“– вели Шаќири.
Шаќири очекува во текот на наредните две недели заедно со синдикатите да ги завршат анализите што се потребни и предлозите да ги достават до Владата.