МТСП
МТСП: 28-ми aвгуст, Успение на Пресвета Богородица неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.
| инфодеск | Македонија
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), понеделник, 28-ми aвгуст 2023 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).