Министерство за труд и социјална политика
МТСП: Неработни денови се 1-ви мај, 3-мај Велики Петок и 6-ти мај втор ден Велигден
Oд Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честитаат престојните празници.
| инфодеск | Македонија
Од Министерството за труд и социјална политика, информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), среда, 1. мај 2024 година, Денот на трудот е неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Петок, 3-ти мај 2024 година, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија и понеделник, 6-ти мај 2024 година, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, исто така е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика, од каде на граѓаните им ги честитаат престојните празници.